ИНОС е дел од Академијата за финансиски менаџмент за граѓански организации
Инос ќе биде дел од програмата за финансиско и административно управување кај граѓанските организации, која ќе се спроведува во следните три месеци, од септември до ноември 2025 година. Академијата е акредитирана од Центарот за образование на возрасни и имплементирана во рамките на иницијативата SMART Balkans. Оваа Академија е дизајнирана да им помогне на претставниците на граѓанските организации да се стекнат со практични знаења и вештини за ефикасно финансиско и административно работење. Иако нашите стручни тимови имаат богато искуство во имплементација на проекти и решавање на општествени предизвици, подготовката на финансиска документација, известувањето и усогласувањето со барањата на донаторите често претставува предизвик.
Учеството во Академијата ќе ни овозможи да ги зајакнеме нашите капацитети и да научиме како да:
- водиме ефикасно административно и финансиско работење;
- подготвуваме јасна евиденција на приходи и расходи;
- изготвуваме финансиски извештаи и се усогласуваме со донаторските барања;
- управуваме со проекти со целосна транспарентност и отчетност;
- донесуваме информирани финансиски одлуки и ја зголемуваме долгорочната стабилност на организацијата.
За INOS ова е важен чекор во нашата мисија да го зајакнеме граѓанскиот сектор, да ја подобриме отчетноста и транспарентноста, и да ја зголемиме професионалноста во управувањето со проекти и финансии. Веруваме дека стекнатото знаење ќе ни помогне да бидеме уште покапацитетни во поддршката на локалните заедници и граѓанските организации во Северна Македонија.
Следните три месеци ќе бидат период на учење, практична примена и размена на искуства, а ние со нетрпение очекуваме да ги споделиме нашите резултати и придобивки со сите наши партнери и поддржувачи.



