Проект: “Птичја перспектива од чистото Балканско небо”

Проектот “Птичја перспектива од чистото Балканско небо” имаше за цел промоција и брендирање на едриличарството, зголемување на интересот за овој спорт, особено кај младите, како и зголемување на членството во аеро-клубовите. Дополнително, проектот беше насочен и кон прашањето на аеро-загадувањето, со цел подигнување на јавната свест и разбирање за овој сериозен проблем што значително ги засега земјите од Балканот.

Реализираните активности придонесоа кон зголемување на свеста и знаењето за аеро-загадувањето, како и кон промоција на едриличарството, со посебен акцент на придобивките од чистиот воздух, чистата природа и животната средина, како и здравиот начин на живот преку практикување спорт. Поширокото влијание на проектот вклучуваше можност за туристичка промоција на едриличарството и поттикнување на туристички развој.

Специфични цели:

  • Подигнување на свеста за загадувањето на воздухот, особено кај младите, како и зголемување на свеста за придобивките од чистиот воздух и природата;
  • Промоција на спортските активности како здрав начин на живот и истакнување на нивните придобивки за младите;
  • Воспоставување поблиска соработка меѓу аеро-клубовите од трите земји (Северна Македонија, Косово и Србија), со што се зајакнува културниот дијалог и меѓусебното разбирање преку заедничко изнаоѓање решенија за заедничките проблеми – загадувањето на воздухот и заедничкиот интерес за здравје и спорт.

Проектот е финансиран од Фондот за Западен Балкан.