“Младински креативен камп: гласовите на Пелагонија”

Проектот “Младински креативен камп: гласовите на Пелагонија” / „Youth Creative Camp: Voices of Pelagonia“, насочен кон зајакнување на младите од Пелагонискиот регион и нивно активно вклучување во општествениот, културниот и граѓанскиот живот преку креативни и дигитални медиуми. Проектот се реализира во период од 6 месеци и има за цел да им даде простор и алатки на младите (15–29 години), особено на оние од маргинализирани групи да ги споделат своите приказни, идеи и ставови.

Иако Пелагонија е регион богат со културно наследство и потенцијал, многу млади се соочуваат со ограничени можности за учество, слаба видливост и чувство дека нивниот глас не се слуша. Преку овој проект, креативните медиуми стануваат алатка за промена за градење самодоверба, дигитални вештини и активна младинска партиципација.

Во рамките на проектот ќе се организира дводневен креативен камп каде учесниците ќе се обучуваат за:

  • дигитално раскажување приказни (текст, фотографија, видео),
  • подкастинг и аудио продукција,
  • младинско новинарство и граѓанска ангажираност,
  • комуникација и кампањи на социјални медиуми.

По кампот, младите ќе продолжат да создаваат и објавуваат содржини на нова онлајн платформа – дигитално списание. Во период од 4 месеци ќе бидат објавени најмалку 30 младински приказни, подкасти и мултимедијални содржини, кои ќе ги отсликуваат реалните предизвици и потенцијали на младите во регионот.

Очекувани резултати

  • 15 млади обучени за медиумски и дигитални вештини
  • Зголемена видливост на младите и маргинализираните групи
  • Функционално младинско дигитално списание
  • Подобра поврзаност помеѓу младите, институциите и медиумите
  • Поттикнување активен младински глас во Пелагонија

„Гласот на Пелагонија“ не е само проект, туку платформа што ќе продолжи да живее и по завршувањето на проектот. Обучените млади ќе ги користат стекнатите вештини понатаму во образование, вработување или активизам, а списанието ќе остане отворен простор за младинско изразување и дијалог. Со овој проект, ИНОС уште еднаш ја потврдува својата мисија: да создава можности, да ги поврзува младите и да ги засилува нивните гласови таму каде што најмногу се потребни.