Проект – „Pelagonija Rural Woman Training“
Главната цел на проектот беше двојна: научно да се процени социо-економскиот живот на жените од руралните средини во Пелагонија и да се изградат нивните вештини и компетенции преку прилагодени семинари на различни теми. Покрај тоа, индиректно, проектот имаше за цел да изгради мрежи на соработка и поддршка, меѓу самите жени, но и да иницира соработка помеѓу академските институции, студентите и жените од руралните средини, како и да ги мотивира студентите од руралните средини да истражуваат и да го подобрат својот живот во селата преку применливо знаење стекнато на Универзитетот. За да се постигнат овие цели, беа реализирани повеќе активности.
Проектот е финансиран од Австралиската амбасада во Србија, Северна Македонија и Црна Гора.
