Едриличарство
Едриличарството е авијациски спорт кој ја симболизира тишината, прецизноста и врвната пилотска вештина. Се изведува со едрилици – летала без мотор – кои летаат исклучиво со користење на природните воздушни струења, како што се термиките и динамичките струења. Овој спорт претставува чиста форма на летање, каде знаењето, искуството и чувството за простор се клучни фактори за успех.
Едриличарството бара високо ниво на техничко знаење, дисциплина и концентрација, но истовремено нуди уникатно чувство на слобода, мир и целосна поврзаност со природата. Како спорт, тоа развива прецизност, стратешко размислување и одговорност, а често се користи и како основа за понатамошна авијациска едукација и пилотска кариера.
Покрај натпреварувачкиот аспект, едриличарството има и значајна едукативна и развојна улога, особено кај младите, придонесувајќи кон развој на техничка култура, безбедносна свест и љубов кон воздухопловството.
Преку организација на едриличарски кампови и натпревари, ИНОС активно придонесува кон оживување и развој на едриличарството во Македонија. Нашата мисија е да го поддржиме овој спорт како платформа за знаење, безбедно летање, меѓународна соработка и одржливо користење на природните ресурси, создавајќи нови можности за авијациски спорт и едукација во регионот.
Во насока на равој на овој спорт во регионот ИНОС организираше Меѓународен едриличарски камп во септември 2022 година, прв од ваков тип во регионот кој привлече постеители од целиот Балкан. Во 2024 година организиравме натпревар за прецизно слетување со едрилица.
