Со гордост објавуваме дека нашата организација е дел од Регистарот на младински организации на Агенцијата за млади и спорт на Северна Македонија!
Ова е голема чест и признание за нашата посветеност и ангажираност кон развојот на младинските заедници во нашата земја.
Се надеваме дека со нашата работа ќе продолжиме да ги инспирираме и едуцираме младите луѓе и ќе бидеме дел од позитивните промени во нашето општество.
Им благодариме на сите кои нè поддржуваат и се вклучуваат во нашите активности!