Презентација на идејата ReBlock на завршниот настан од Академијата за циркуларна економија
По седум месеци посветена работа, учење и соработка, тимот на ИНОС со гордост ја презентираше својата иновативна циркуларна бизнис идеја ReBlock на завршниот настан од Академијата за циркуларна економија, што се одржа на 25 јуни 2025 година во Скопје.
На овој финален настан, вкупно 12 организации од цела Северна Македонија ги претставија своите развиени идеи, кои се насочени кон заштита на животната средина, повторна употреба на ресурси и економски модели засновани на циркуларни принципи.
Програмата на академијата се одвиваше во период од 7 месеци, со 10 интензивни модули кои опфатија теми како што се: основи на циркуларна економија, бизнис модели, иновации, анализа на пазар, комуникација и финансиско планирање.
Во текот на програмата, имавме чест и привилегија да работиме под менторство на:
- проф. д-р Анита Грозданов – експерт за материјали и циркуларни иновации, и
- Македонка Димитрова – ментор со искуство во развој на зелени и одржливи претпријатија.
Преку оваа соработка, ја доразвивме нашата идеја ReBlock – повеќенаменски модуларен блок изработен од рециклирана пластика, со кој се намалува количината на пластичен отпад, се создаваат нови производи и се вклучуваат ранливи категории граѓани во циркуларната економија.
Ви благодариме на целокупната поддршка и доверба. Со ReBlock – градиме зелено!




