ИНОС е добитник на грант за проектот: „Промовирање на еко-активизмот поддржан од вештачката интелегенција во Западен Балкан“
Центарот за иновации и развој ИНОС доби поддршка од Централната Европска Иницијатива (ЦЕИ) за проектот: „Промовирање на еко-активизмот поддржан од вештачка интелигенција во Западен Балкан“. Во рамките на проектот ќе се организира работилница за промовирање на еко-активизам поддржан од вештачка интелигенција.
Целите на проектот се:
– да поттикне користење на решенија од вештачката интелигенција за справување со предизвиците на животната средина
– да ја зајакне соработката меѓу невладините организации во регионот
– да ги зајакне капацитетите на еко-активистите
Проектот ќе се реализира во партнерство со Quantum AI Foundation од Полска.