За нас

За нас

Нашата приказна

Здружението е формирано во 2011 година со слободно здружување на граѓаните за унапредување на граѓанското опшество и локалните заедници, како и за вршење дејности и активности за поттикнување на моралните вредности, зајакнување на меѓуетничките односи и економски развој. Нашите проекти ги отсликуваат заложбите за подемократко општество, каде поединците можат слободно да се изразуваат и да се развиваат на личен и професионален план. Особен акцент посветуваме на примена и развој на новите технолошки достигнувања за постигнување економски силно, транспарентно и правично граѓанско општество. Нашите иницијативи се мултидисциплинарни и не познаваат граници во однос на иновативноста и проникливоста во решавање на проблемите со кои се соочуваат граѓаните и општество во целина.

Ѓорѓи Манчески
претседател

Визија

Нашата визија е да создадеме свет каде образованието, истражувањето, иновациите и социо-економскиот развој напредуваат рака под рака. Ние се стремиме да бидеме катализатор за позитивни промени, охрабрувајќи ги поединците и заедниците да го достигнат својот целосен потенцијал и да придонесат за подобрување на општеството.

Мисија

Нашата мисија е да го поттикнеме образованието, истражувањето, иновациите и социо-економскиот развој преку соработка со различни засегнати страни, спроведување влијателни проекти и промовирање одржливи решенија.

Цели и задачи

  • стекнување на знаења и креирање на способности  што ќе придонесат за поттикнување на развојот бизнисите и вкупниот социо-економскиот развој, со консеквентни импликации врз подобрување на благосостојбата на општествената заедница како целина;
  • ќе поттикнува,  промовира и развива иновативен приод кон анализа на процесите и промените во економската зедница и во поширок општествен контекст;
  • функционирањето ќе се заснова врз принципи на извонредност, иновативност и разновидност;
  • да спроведува истражувачки активности и да публикува студии, книги, истражувачки трудови и сл.;
  • да организира предавања, семинари, конференции  и обуки  што ќе придонесат за унапредување знаењата и развој на иновативни пристапи и методи  за справување со различните прашања и проблеми во функционирањето на општествената заедница.
  • да воспоставува соработка  со други слично ориентирани центри  на меѓународно ниво и да учествува во национални и меѓународни проекти;
  • да воспоставува соработка со научни организации, државни органи и други организации заради остварување на поставените цели.

Ѓорѓи Манчески

Марија Мидовска Петкоска

Димитар Николоски

Рената Петревска
Нечкоска

Донатори

Наши соработници/партнери